24фудбал

Првенец за Чурлинов во дресот на Штутгарт, Македонецот ги осигура трите бода против Дрезден (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов го постигна деби гол во дресот на Штутгарт, попладнево Македонецот ја затресе мрежата на Динамо Дрезден и ја запечати победа од 0-2.

Македонија

19 годишниот Дарко Чурлинов се радува на својот првенец во Штутгарт, погоди на денешното гостување кај Динамо Дрезден.

Македонецот доби шанса во вториот дел, а во завршните мигови од мечот се најде на право место и една одбиена топка ја смести во мрежата на домаќините за 0-2 и потврда на трите бода.