24фудбал

Легендата на Милан: Го гледав Меси како дете, мислев ќе правам што сакам... по 15 минути побарав замена!

Поранешниот дефанзивец на Милан, Алесандро Костакурта раскажува како побарал од Карло Анчелоти да го напушти теренот по само 15 минути бидејќи не можел да се справи со 16 годишниот Лео Меси.

Италија

Легендата на Милан има играно против Диего Марадона и Лео Меси, па во разговор со Скај Италија направи споредба помеѓу двајцата.

„Имав среќа да играм и против Марадона и против Меси. Зборуавме за двајца големи играчи во историјата на фудбалот. Но со Марадона, требаше да го фаулираме 66 пати за да бидеме опоменати од судијата, со Лео сега е многу поразлично“ – вели Алесандро Костакурта.

„Двајцата се многу слични, но би рекол дека Меси е поголем гениј“.

„Против Меси играв кога тој имаше 16 години, во прв момент го гледав како дете и мислев дека ќе можам да правам што сакам... Но по само 15 минути побарав од Карло Анчелоти да бидам заменет“.