24фудбал

Паје за жалење, не може да сврзе крај со крај со 500.000 евра месечно: Имам семејство, кредити... како да прифатам помала плата?

Ѕвездата на Марсеј, Димитри Паје вели дека не може да прифати помала плата бидејќи имал семејство за кое требал да се грижи и да плаќа кредити, офанзивниот фудбалер е еден од најплатените на Велодром со 500.000 евра бруто месечни примања.

Франција

Во светот на фудбалот се вртат многу пари, но ниту клубовите не останаа имуни на криазата од пандемијата на коронавирус. Клубовите побараа од своите фудбалери да направат жртва и да помогнат да се надмине овој тежок период.

И додека многумина изглегоа во пресрет, има такви кои одбиваат да прифатат помала плата. Во фокусот во Франција е Димитри Паје, првата ѕвезда на Марсеј.

Офанзивниот фудбалер изјави дека не можел да прифати помала плата бидејќи имал семејство за кое требал да се грижи и да плаќа кредити.

„Многу се зборуваше на оваа тема, мојата позиција е јасна. Покрај тоа што сум фудбалер, јас сум и татко, имам семејство за кое треба да се грижам, големи кредити да плаќам и да измирувам превземени обврски. Морам да се грижам за сопствените интереси и интересите на моето семејство, и затоа не прифаќам помала плата – објаснува Димитри Паје.

Димитри Паје е еден од најплатените фудбалери на Марсеј, има месчни бруто примања од 500.000 евра, па што да кажат милионите луѓе во Франција кои имаат месечни примања од неколку илјади евра.

Да не зборуваме за ситуацијата кај нас, каде многумина преживуваат со помалку од 500 евра месечено.