24фудбал

Најдобрите осум во ЛШ во Португалија на турнир ќе се борат за трофејот?

УЕФА и Европската клупска асоцијација разгледуваат план Б за завршување на Лигата на шампионите оваа сезона, а тоа е фајнл-ејт турнир во Португалија.

Лига на Шампиони

УЕФА се уште размислува како да се заврши Лигата на шампионите. Денеска низ медиумите протече нова идеја.

Откако ќе се одиграат преостанатите мечеви од Лигата на шампионите, УЕФА размислува да направи турнир на осумте најдобри екипи кои ќе се пласираат во четвртфиналето.

Турнирот би се одиграл во неколку денови во Португалија, во Лисабон кој се смета за идеален град за одигрување на мечевите во време на коронавирус поради малиот број на случаи.

Доколку завршницата на Лигата на шампионите се одржи во еден град, не само што би се скратил бројот на мечеви со тоа што не би се играле реванши, туку би се минимализирало движењето на клубовите во време на пандемијата.