24фудбал

Тер Штеген го кажа тоа што фановите на Барселона сакаа да го слушнат

Германскиот голман на Барселона, Марк Андре Тер Штеген вели дека нема намера да го напушти клубот ова лето.

Шпанија

Тер Штеген во Барселона се промовираше во еден од најдобрите голмани на светот. Но се појавија шпекулации дека тој би можел да си замине, да отиде во Баерн Минхен доколку тие не го продолжат договорот со Нојер.

Сепак, Тер Штеген е јасен, вели дека е невозможно тој ова лето да си замине од Барса бидејќи е среќен таму. Неговите агенти и клубот почнале преговори за нов договор, но тие се стопирани поради коронавирусот.

„Невозможно е да си заминам ова лето од Барселона. Веќе се одржа првиот состанок меѓу мојот агент и клубот, но поради итноста на ситуацијата со коронавирусот немаше време да зборуваме за договорот“, вели Тер Штеген.

„Во моментов многу луѓе се загрижени за нивните животи, па одлучивме преговорите да ги одложиме. Во Барселона се чувствувам добро, исто и мојата фамилија се чувствува добро тука“.

Фановите на Барса можат да бидат среќни бидејќи Тер Штеген сигурно останува во клубот и следната сезона, а голема е веројатноста договорот да биде продолжен па уште долго да брани за каталонскиот клуб.

Барселона на Тер Штеген гледа како долгорочно решение за голманската позиција, па се верува дека нема да дозволат преговорите да не завршат успешно, без разлика какви ќе бидат барањата на Германецот.