24фудбал

Украинскиот клуб Карпати има 25 заразени од коронавирус!

Украинскиот клуб Карпати соопшти дека има 25 заразени во клубот меѓу кои фудбалери и членови на персоналот.

Останато

Карпати отиде во карантин откако дури 25 негови членови се зразени од Ковид-19, тоа е рекорден број засега во еден клуб.

Сите кои се позитивни се во самоизолација, а клубот најмалку две недели ќе биде во карантин и нема да може да тренира.

Следните два натпревари кои Карпати требаше да ги игра во средината на јуни се откажани.

Клубот тестирал вкупно 65 луѓе од кои дури 25 имале коронавирус.

Во Украина се регистрирани 24.340 заболени од коронавирус, 727 лица починаа.