24фудбал

Откупната клаузула на Вернер е активна уште 12 денови, потоа цената ќе скокне

Клубовите кои се заинтересирани за услугите на Тимо Вернер имаат уште помалку од две недели да уплатат 55 милиони евра и да го обезбедат неговиот потпис.

Германија

Откупната клаузула на Тимо Вернер во договорот со Лајпциг која изнесува 55 милиони евра е активна до 15 јуни.

Ливерпул, Челси и Манчестер јунајтед се заинтересирани за неговите услуги, но тој се поврзуваше и со Интер и Јувентус. 

После 15 јуни се очекува неговата цена да скокне, па голема е веројатноста некој од заинтересираните клубови во наредните денови да ја активира откупната клаузула на Германецот.