24фудбал

Балотели никогаш нема да се опамети, повторно пропуштил тренинг

Напаѓачот на Бреша, Марио Балотели повторно пропуштил тренинг, неговата судбина најверојатно ќе се решава на суд.

Италија

АНСА, Калчомеркато и Тутоспорт информираат дека Марио Балотели утринава пропуштил нов тренинг без дозвола од клубот.

29-годишниот Балотели и минатата недела пропушти тренинг по што го испровоцира сопственикот на клубот, Масимо Селино да зборува како жали што воопшто го ангажирале напаѓачот.

Тој има уште два години од актуелниот договор, но се очекува соработката меѓу двете страни да заврши наскоро.

Балотели бара обесштетување ако му биде раскинат договорот, па италијанските медиуми очекуваат судска разврска.

Бреша собира материјал да може да му го раскине договорот без отштета, а како алиби за тоа веќе има два неоправдани изостаноци на фудбалерот од тренинг.

Денеска од 18 часот Балотели треба да има индивидуален тренинг, но нејасно е дали ќе се појави и на него.