24фудбал

Ибра се врати во Милано, сака да биде подготвен за дербито против Јуве

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ сака да се врати на теренот до 7 јули кога треба да се игра дербито против Јувентус.

Италија

Поради повреда Ибрахимовиќ е надвор од стројот, се прогнозира дека ќе пропушти неколку натпревари од рестартот на сезоната.

Брзо откако се повреди Ибра отиде на еднонеделен третман во Шведска, од денеска повторно е во Милано.

Во текот на денешниот ден ќе има дополнителни тестови по кои попрецизно ќе се знае кога би се вратил на теренот. Неговата цел е да биде подготвен до 7 јули кога Милан го пречекува Јувентус.