24фудбал

Атлетико Мадрид со емоционално видео го најави заминувањето на Бургос, „десната рака“ на Чоло Симеоне (ВИДЕО)

По девет години соработка со Чоло Симеоне, Херман Бургос си заминува од Атлетико Мадрид со цел да почне соло кариера.

Шпанија

Крај на една приказна, Херман Бургос ќе си замине од Атлетико Мадрид по крајот на сезоната.

Клубот ја соопшти ваквата информација и објави емотивно видео од интервју со Бургос на социјалните мрежи.

Тој чувствува дека е време да започне соло кариера.

Бургос и Симеоне заедно пристигнаа во Атлетико Мадрид во 2011 година, тогаш почнаа без некои преголеми очекувања од јавноста, но како одминуваше времето се промовираа во исклучително успешен тандем и со клубот испишаа историја.

Се уште не е позната следната дестинација на Бургос, но се шпекулира дека тој ќе се врати во својата Аргентина. Можно е да го преземе кормилото на Ривер Плата, но се поврзува и со Унион де Санта Фе.