24фудбал

Коронавирус во Тотнем

Поради протоколот кој клубовите мора да го почитуваат, името на фудбалерот или лице од стручниот штаб нема да се објавува јавно, меѓутоа за очекување е да исплива на површина низ медиумите на Островот, ако се земе во предвид транспарентноста на претходните случаи.

Англија

Од Тотнем потврдија дека имаат еден позитивен случај на коронавирус по најновата рунда тестирања во Премиерлигата, која е предвидено да продолжи со актуелната сезона на 17. јуни.

Според предвидениот протокол, неименуваната особа која е позитивна на тестирањето сега и претстои самоизолација во траење од седум денови.

Поради протоколот кој мора да го почитуваме, името на индивидуата нема да го споменуваме“ стои во соопштението на клубот од Лондон.

Ова е единствениот позитивен случај на коронавирус во најновата рунда тестирање за Ковид-19 откако тестирани беа 1,197 фудбалски и нефудбалски персонал во Премиерлигата.

Предвидени се пет рунди тестирања за коронавирусот, а генералната бројка позитивни резултати од тестирањата сега изнесува 13 од вкупно 5,079 тестови досега.

Фудбалскиот и нефудбалски персонал во Премиерлигата се тестира два пати во една седмица.