24фудбал

Лингард се сели во Милано?

Идната година истекува актуелниот договор на Лингард со Манчестер јунајтед, во истиот има и опција за дополнителни 12 месеци, меѓутоа извесно е дека тој уште летово ќе си замине од „Олд Трафорд“.

Италија

Од Англија известуваат дека фудбалерот на Манчестер јунајтед, 27 годишниот Џеси Лингард е пред можен трансфер во редовите на Милан, а веќе разговарал со своите поранешни соиграчи Ешли Јанг и Крис Смолинг околу животот во Серија А.

„Индипендент“, како и „Метро“ пишуваат дека Англичанецот е подготвен да си замине од „Олд Трафорд“ откако и дефинитивно го загуби местото во тимот под кормилото на Оле Гунар Солшер.

Фудбалерот од средниот ред и претходно беше поврзуван со Милан, а соработката со контроверзниот агент Мино Рајола само дополнително ги зголеми шпекулациите за негова можна преселба во Милано.

Се верува дека Манчестер јунајтед би се разделил со Лингард за обештетување во висина од околу 20 милиони евра, меѓутоа платата на фудбалерот веројатно би била проблем за „Росонерите“.