24фудбал

Селекторот на Аргентина: Ние би имале корист од трансфер на Лаутаро во Барселона, но...

Лаутаро во Барселона би било трансфер од кој корист би имала самата Аргентина како селекција, вели Скалони, меѓутоа тој не го крие сопствениот став дека на напаѓачот на Интер му претстои уште многу работа.

Шпанија

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони посочи дека на „Гаучосите“ би им одело во прилог Лаутаро Мартинез направи трансфер од Интер во Барселона, нешто за што се најавува дека ќе се реализира извесен период.

Коментарите на Скалони доаѓаат по само две седмици откако тој наведе дека би било подобро за самата Аргентина во случај Мартинез да биде соиграч на Меси на клупски план, меѓутоа, самиот Скалони подвлекува дека пред Мартинез претстои уште многу „учење“ и развој како фудбалер.

Тоа ќе биде голема предност за нас, но Лаутаро е се уште млад, има уште многу да учи, а како што тоа се случи во Интер претходно, ќе мора да се бори за своето место и во Барселона“ вели Скалони.

Ние треба да му дадеме време за да дојде до местото каде што се неговите сонародници како Агуеро, тој веројатно има добра иднина пред него, меѓутоа јас постојано посочувам дека треба да се развива уште повеќе“ додава селекторот на „Гаучосите“, индиректно посочувајќи дека Агуеро се чини е барем засега, недопирлив за популарната „деветка“ во националниот состав на Аргентина.

Постојат многу шпекулации околу иднината на Лаутаро периодов, но, Кун Агуеро ги руши сите рекорди, од време на време, ние ќе одлучиме на кого би му ја дале деветката во националниот состав, а после се’, дали тој навистина треба да замине во Барселона, треба да се има во предвид дека тренерот на тој клуб би го имал истиот проблем како и јас, кој да игра од многуте опции во нападот“ заклучи Скалони.