24фудбал

Нов лик на Премиерлигата, клубовите ги добија протоколите

Плановите за предвиденото продолжување на сезоната во Премиерлигата се одвиваат под полна пареа, веќе е познат датумот за враќање на фудбалските возбудувања на Островот, тоа ќе се случи на 17. јуни.

Англија

Вчера вечерта Премиерлигата веќе го испратила протоколот до сите клубови околу начинот на кој ќе функционираат натпреварите на стадионите, односно дефиниран е протоколот за фудбалските арени, сево ова доволно говори за тоа како би изгледал текот на настаните за време на натпреварите кога истите ќе се вратат на програмата.

Официјалните фудбалски власти на Островот го предложија следниот протокол сведен на максимални ограничувања:

* Дозволено е присуство на 20 фудбалери од поединечен клуб (18 во составот, а двајца на „стенд-бај“)

* Дозволено е присуство на 12 членови на медицинскиот персонал, како и стручниот штаб

* Дозволено е присуство на 10 директори како и официјални лица на секој клуб

Секако дека ќе има и главен арбитар, помогнат од двајца асистенци, како и четврти судија, а ќе има и дополнително уште еден на гледалиштето. Што се однесува пак до ВАР собата, персоналот од оваа секција ќе биде распределен по одвоени соби на стадионите.

Што се однесува пак до пресконференциите, пост и пред натпреварите, тие ќе се одвиваат преку видеоконференциска платформа, ќе се редуцира максимално бројот на присутни претставници од медиумите.

Имателот на ТВ правата ќе му биде дозволено присуство на 98 членови на стадионите и 75 лица вон истите, а што се однесува пак до медиумите, ќе биде дозволено присуство на максимум 25 новинари, дополнително и 12 од радио станиците, најмногу четири ќе имаат клубовите за лицата кои известуваат за самите клубови.

Извори за англиските медиуми тврдат дека предложениот протокол се чини дека е коректен, меѓутоа истиот може да донесе и одредени проблеми, особено поради големиот број персонал од страна на клубовите.

Околу операцискиот план за натпреварите, за кого ќе следи гласање во текот на утрешниот ден, стадионите ќе бидат поделени во три области, црвена, која се однесува на теренот и тунелот до него, за што ќе се дозволи присуство на максимум 105 лица, а другите две се однесуваат на останатиот дел од стадионот, од кои едниот (зелена зона) е предвиден за паркинг просторот за клубовите кои би доаѓале од гостински терен, односно за автобусите.

Околу 300 лица би имале дозвола за присуство на натпреварите на генерална основа, меѓутоа ова е бројка за која дополнително ќе се дискутира и натаму.