24фудбал

Јувентус почна преговори со Барселона за Дембеле

Постојат многу причини во Барселона кои велат дека Каталонците би си пружале рака со Јувентус за можна продажба на 23 годишниот офанзивец за мошне пониска сума од онаа која му ја исплатија на Борусија Дортмунд (105 мил. евра), главната причина е големата криза од финансиски карактер која го погоди клубот од „Камп Ноу“.

Англија

Италијанскиот првак Јувентус наводно веќе почнал преговори со Барселона околу можноста да се засили со Осман Дембеле, но, младиот Французин би можел да се пресели во редовите на „Старата дама“ на позајмица во летниот преоден рок.

Дембеле мака мачеше со повредите кои во голема мера му направија проблеми во Барселона по неговиот трансфер од Борусија Дортмунд во 2017. година, а се верува дека во Барселона постои расположение да се разделат со офанзивецот.

Според пишувањата на „Мундо Депортиво“, од Јувентус веќе почнале преговори со Барселона, преговори кои наводно се во склоп на оние за соиграчот на Дембеле, Артур.

Постои голема криза во Барселона од финансиски аспект, истата е веќе добро позната за пошироката јавност, а се верува дека Каталонците би прифатиле и продажба на Дембеле за околу 40 милиони евра.

Фудбалерите на Барселона прифатија намалување на платите за цели 70% поради кризата предизвикана од коронавирусот, а како за илустрација од каков вишок би се ослободиле Каталонците кога е во прашање Дембеле, доволен податок за тоа е дека 23 годишниот фудбалер заработува цели 12 милиони евра на годишно ниво.