24фудбал

Проблеми за Борусија Дортмунд: Шестмина фудбалери би можеле во карантин поради нови фризури!

„Милионерите“ би можеле две недели да останат без шестмина фудбалери кои ги прекршиле правилата за хигена откако биле посетени од познатиот бербер Вини Нана Каркари и добиле нови фризури.

Германија

Бундеслигата беше првото првенство кое продолжи по паузата поради пандемијата на коронавирус, но под строги протоколи и насоки на однесување на сите инволвирани.

Ригорозните мерки прв на своја кожа ги осети тренерот на Аугсбург, кој го пропушти дебито и мораше да оди во карантин поради тоа што претрчал до маркет да купи паста за заби и крема за кожа.

Медиумите од Германија сега пишуваат дека Борусија Дортмунд може да има сериозни проблеми. Џејдон Санчо е во фокусот откако младиот Англичанец во својот дом го повикал познатиот бербер Вини Нана Каркари.

Билд дојде до фотографии на кои фудбалерот добива нова фризура, но ниту тој, ниту пак берберот носат маски. Ова е јасно прекршување на правилата за хигена, и многумина сметаат дека Џејдон Санчо треба да оди во карантин.

За проблемот да биде поголем, истиот бербер им направил нови фризури и на Мануел Аканџи, Дан Аксел Загаду, Рафаел Гереиро, Аксел Витсел и Торган Азар.

Берберот се правда дека ги почитувал правилата и носел заштита, и ја извадил маската само во моментите кога биле направени фотографиите.