24фудбал

Де Лаурентус дава 20 милиони евра попуст за Кулибали, ама Манчестер јунајтед пак остана краток за 20 милиони

Според пишувањата на Скај Италија, Наполи ја одбил понудата на Манчестер јунајтед за Калиду Кулибали, Аурелио Де Лаурентис смета дека 80 милиони евра не се доволни за услугите на дефанзивецот.

Италија

Сенегалецот подолго време е следен од гигантите ширум Европа и минатото лето Аурелио Де Лаурентис се фалеше дека одбил дури 120 милиони евра.

Тешко дека некој сега ќе плати толку многу поради пандемијата на коронавирус, и според пишувањата на Скај Италија, Манчестер јунајтед си ја пробал среќата со предлог вреден 80 милиони евра.

Првиот човек на Наполи е подготвен да даде попуст, но смета дека понудата на „ѓаволите“ не е доволна. Потребна е сума од 100 милиони евра за разделба на „наполитанците“ со Калиду Кулибали.