24фудбал

Дали Барелона крие повреда на Лео Меси?

Според пишувањата на ТВ3, Лео Меси направил МРИ снимка која покажала повреда на препоната и е под знак прашалник за ре-стартот на сезоната и дуелот со Мајорка, но од таборот на Барса инсистираат дека се е во ред со напаѓачот.

Шпанија

Аргентинецот синоќа не тренираше и одработи индивидуална сесија во теретана, а од таборот на Барселона посочија дека биле само претпазливи за да спречат евентуална повреда на листот на ногата.

Но ТВ3 доцна во вечерта излезе со поинаква сторија, и извести дека се работи за повреда на препоната. Лео Меси почувствувал остра болка на крајот од тренингот во вторникот, па била направена и МРИ снимка за да се види за што станува збор.

Тестовите покажале микро исекотина на мускулот, и обично за ваква повреда се потребни 10 дена за санација, со што напаѓачот е под знак прашалник за ре-стартот на сезоната и дуелот со Мајорка.

Извори од Камп Ноу за Мундо Депортиво брифираат дека не се запознаени со никакви прегледи изврши врз Лео Меси и инсистираат дека се е во ред со фудбалерот.

Барселона за денес нема закажано тренинг, играчите со работа треба да продолжат во петок, па тогаш ќе се добие подобра слика дали Лео Меси има или нема ситна повреда.