24фудбал

Јувентус и ПСЖ ќе ги изиграат Барселона и Интер, подготвуваат спектакуларна трампа Пјаниќ за Икарди?!

Во Италија се пишува за шокантна зделка со која Миралем Пјаниќ ќе заврши во Париз а Мауро Икарди експресно ќе се врати во Калчото и ќе потпише за вечниот ривал на Интер, Јувентус.

Италија

Барселона и Јувентус минатиот месец беа на чекор до голема трампа, Миралем Пјаниќ прифати да се пресели на Камп Ноу, но проблем направи Артур Мело, кој одби да ја продолжи кариерата во Торино. Преговорите продолжуваат, низ медиумите кружат најразлични имиња, последното беше Осман Дембеле, но двата клуба никако не можат да најдат идеална формула за реализирање на трансфер.

„Каталонците“ иако имаат ДА од Босанецот, можат да извисат, во Италија се шпекулира за шокантна зделка помеѓу Јувентус и ПСЖ.

Топ Калчо24 пишува дека „светците“ се подготвени да го понудат Мауро Икарди во замена за Миралем Пјаниќ. Шампионот на Франција пред само неколку дена во целост го купи Аргентинецот од Интер за 50 милиони евра, плус додатни 8 милиони евра во бонуси.

Напаѓачот е дамнешна желба на Фабио Паратичи и „старта дама“, но Интер одбиваше да го продаде голгетерот на својот вечен ривал.

Една ваква зделка, сигурно нема да им се допадне на „нероаѕурите“ кои дури му дадоа попуст на ПСЖ и прифатија помала сума од договорените 70 милиони евра од минатото лето.

Мала утеха за Интер е тоа што ќе добие плус пари, се шпекулира дека во договорот има клаузула според која им следуваат 15 милиони евра доколку Мауро Икарди се врати во Калчото во следните 12 месеци.