24фудбал

Реал го убедува Лаутаро Мартинез: Откачи ја Барса и дојди во Мадрид

Реал Мадрид и ги ремети плановите на Барселона за ангажман на Лаутаро Мартинез, Скај Италија пренесува дека „кралевите“ стапиле во контакт со Аргентинецот и го убедувале да се пресели на Сантијаго Бернабеу.

Шпанија

Со месеци се пишува дека Лаутаро Мартинез ќе ја засили Барселона, наводно играчот веќе си подал рака со „каталонците“ за петгодишна соработка и плата од 12 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Според пишувањата на Скај Италија, Реал решил да замеша прсти. Преставници на клубот од Сантијаго Бернабеу стапиле во контакт со Аргентинецот и Интер, побарале да бидат прекинати преговорите со Барселона и го убедлувале напаѓачот да се пресели во Мадрид.

Останува да се види дали има вистина во сето ова, или пак се работи за маневар со кој Реал Мадрид ќе ја натера Барселона да плати што е можно повеќе. Интер бара 111 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула на Лаутаро Мартинез, додека пак од Камп Ноу се подготвени да платат 60 милиони евра и да понудат двајца играчи.

Исто така, не се исклучува можноста Реал Мадрид да калкулира со името на Лаутаро Мартинез за подобра позиција во преговорите со Борусија Дортмунад за Ерлинг Халанд.