24фудбал

Роналдо внимава и на најситниот детал, крампони инспирирани од рагби за да биде уште побрз

Тутоспорт открива дека Кристијано Роналдо има новитет по паузата поради пандемијата од коронавирус, Португалецот тренира со копачки на кои има специјално изработени крампони кои треба да му помогнат за поголема брзина во спринтовите.

Италија

Медиумите од Италија синоќа пишуваа за посветеноста на 35 годишниот шампион, кој дошол на тренинг четири часа пред другите. ЦР7 сега одново е во фокусот, Тутоспорт открива за новитет во опремата која ја користи Кристијано Роналдо.

Португалецот тренинра со копачки на кои има специјално изработени крампони, решението е инспирирано од рагби. Новите крампони трба да му овозможат подобар „грип“ со тревата и поголема брзина во спринтовите.

Напаѓачот на Монпеље, Енди Делор веќе користи вакви крампони и во февруари постави нов рекорд во Лига 1 откако постигна максимална брзина од 36.8 км/ч.

Очигледно Кристијано Роналдо е свесен за ова, сака напредок без разлика колку тој е мал, особено што брзината е една од неговите најсилни страни.

Изминативе години тој во неколку наврати соработуваше со спринтерот Франсис Обиквелу и добиваше совети и напатствија како да ја подобри експлозивноста.