24фудбал

Клоп и Ливерпул извисија, Тимо Вернер пред трансфер во Челси

Според пишувањата на Билд, Тимо Вернер е пред трансфер во редовите на Челси, клубот од Стемфорд Бриџ ќе ја активира откупната клаузула од 60 милиони евра, а напаѓачот ќе добие плата од 10 милиони евра годишно.

Англија

Билд најавува крај на трансфер сагата околку Тимо Вернер. Со месеци Ливерпул беше посочуван како главен фаворит, дури се говореше дека Јирген Клоп лично му се јавил на својот сонародник и го убедувал да се пресели на Енфилд.

Но ваков трансфер нема да се реализира, Тимо Вернер се сели во Челси. Билд вели дека „сините“ ќе ја платат откупната клаузула од околу 60 милиони евра (активна до 15. јуни) и на играчот ќе му дадат плата од 10 милиони евра годишно.

Поради кризата од пандемијата на коронавирус, лидерот во Премиерлигата не може да си дозволи вакви суми во овој момент, и се верува дека ова е главната причина зошто Тимо Вернер се сели во Лондон а не во Ливерпул.