24фудбал

Брдаровски: Ако може Пелистер и Беласица да влезат во Првата лига, како може Вардар да не биде шампион!

Заменик капитенот на Вардар, Владица Брдаровски смета тие заслужиле да бидат прогласени за шампиони и посочува на некои нелогични одлуки на ФФМ.

Македонија

Во земјите каде што не беше прогласен шампион, немаше ниту влегување во погорен ранг, но ФФМ одлучи Пелистер и Беласица како провопласирани од вторите лиги да влезат во Прва лига, а Вардар да не го прогласи за шампион.

Нелогично е како ФФМ го вреднува првото место на Беласица и Пелистер, а не и на Вардар.

Статусот на Брдаровски на социјалните мрежи ви го пренесуваме во целост:

Согласно прекинот на првенството и од страна на ФФМ и по наши сознанија за не прогласување на првак во Првата Македонска Лига, како заменик капитен и играч на ФК Вардар сакам да образложам неколку факти.

Имено, пред прекинот на првенството требаше да се одиграат вкупно 36 натпревари.

По прекинот Федерацијата донесе одлука за одигрување на уште 9 кола до крај на првенството или вкупно со одиграните 23 да бидат 32 кола.

По неофицијалното образложение на ФФМ дека првенството е важечко ако се одиграат повеќе од 70% од натпреварите, сакам да истакнам дека по донесувањето на одлуката за рестарт на првенството односно одигрување на вкупно 32 натпревари, со денешниот прекин на првенството се одиграни повеќе од 70% од натпреварите.

Ако првенството се прекине и не се прогласи шампион тогаш како може да има влез во Прва лига?

Без никаква навреда кон Пелистер мојот матичен клуб, со најголем респект и Беласица , кој повеке од заслужено се на првото место на табелата, меѓутоа во Втората Лига се немаат одиграно ниту 50% од натпреварите, а сепак првите две места од Лигата Исток и Запад ќе влезат во првата македонска фудбалска лига.

На пример во Холандија го прогласија првенството за завршено ама немаше ниту испаѓање ниту влегување.

Во Франција одиграни се 71.05% од натпреварите ПСЖ беше прогласен за шампион.

Во Белгија се одиграни 72% од натпреварите и Клуб Бриж е прогласен за шампион.

Во Шкотска е прогласен Селтик за шампион иако Глазгов Ренџерс има теоретски шанси за титула и натпревар помалку.

Во Босна екипата на Сараево е прогласена за шампион со 67% одиграни натпревари тука се и Кипар и други земји кои го завршија првенството поради пандемијата на Корона вирусот...

За крај, апел до Фудбалската Федерација на Македонија пред да донесат конечна одлука да ги земат во предвид сите факти и да го прогласат ФК Вардар за шампион во Македонија за сезона 2019/20 година.

Сите играчи, стручен штаб, вработени лица во Академијата на Вардар, тренинг кампот на Вардар, администрација на Вардар и сите останати кои се дел од Вардар заслужија да бидат наградени со трофеј (пехар) за се што направивме оваа година, иако имавме и имаме сеуште проблеми гордо, со сето срце, со максимална посветеност, со огромна желба ја одработивме сезоната во која заслужено сме прваци на Македонија.

Не ни го одземајте правото на радост, не не вознемирувајте, не во овие тешки денови, не ни внесувајте гнев на нас и на големата армија на навивачи КОМИТИ и достоинствено прогласете не за ПРВАЦИ НА МАКЕДОНИЈА!

Црвено црната љубов нема да престане!

Неможеш да уништиш нешто што не умира!