24фудбал

Неколку опции околу финалната одлука за градот домаќин на финалето од Лигата на шампионите

Овосезонската Лига на шампиони ќе добие нов првак од причина што актуелниот Ливерпул испадна од ова натпреварување уште во раната фаза, и тоа од Атлетико Мадрид, а се наведуваат неколку градови како главни кандидати за домаќини на големото финале.

Лига на Шампиони

Доколку во Истанбул нема можност да се организира финалната пресметка од овосезонската Лига на шампионите, постојат неколку алтернативни опции како Лисабон, Минхен, Франкфурт и Женева.

Се очекува финалната одлука да падне на 17. јуни во текот на средбата на високите членови на куќата на европскиот фудбал УЕФА.

Пред самата пандемија со коронавирусот, Истанбул беше предвиден за домаќин на финалната пресметка од елитното европско клупско натпреварување, меѓутоа работите во голема мера се променија, па сега се разгледуваат повеќе опции.

Првичната идеја е натпреварот од големото финале да се одигра во август, истото да важи и за Лига Европа, а се верува дека ќе постои натпреварување во формат од фајнал-осум, или фајнал-четири, истото би се одржало во една држава за да се минимизира до максимум патувањето на клубовите.

Постојат повеќе опции, а „Асошиејтед Прес“, како и „Калчо е Финанса“ ги наведуваат Лисабон, Минхен и Женева како главни кандидати, меѓутоа „Билд“ го вметна и Франкфурт помеѓу кандидатите.