24фудбал

Клубовите од Премиерлигата добија зелено светло за пет измени на натпреварите

По денешниот состанок остана нерешено прашањето околу евентуално ново „стопирање“ на сезоната, односно за тоа каков би бил исходот на табелата во едно такво крајно сценарио кое секако ќе зависи од развојот на настаните околу пандемијата со коронавирусот.

Англија

Од Премиерлигата го одобрија планот за клубовите да имаат можност да користат пет измени во текот на натпреварите кои продолжиле од предвидениот датум 17. јуни, во однос на рестартот на сезоната.

Љубителите на фудбалот, особено оние на Премиерлигата со нетрпение го очекуваат враќањето на возбудувањата на Островот, први на програмата се натпреварите помеѓу Астон Вила и Шефилд Јунајтед, односно Манчестер Сити и Арсенал.

Кога сме веќе кај измените, промена која и официјално е прифатена, петте измени клубовите ќе можат да ги реализираат во три прекини, како што беше и случај досега, а дозволено ќе биде на клупата за резерви да имаат девет фудбалери, наместо седум како претходно.

Последната промена доаѓа по барање на Челси кој испрати формално барање до Премиерлигата по ова прашање, од причина што постои загриженост за можни повреди кај фудбалерите во поголем интензитет поради големата пауза.

Во однос на деветте дозволени фудбалери на клупата за резерви, ЗА гласаа 16 клубови од можни 20 во Премиерлигата, 4 беа против оваа идеја за време на денешниот состанок кој беше реализиран со видео конференција, се верува дека Астон Вила, Шефилд Јунајтед, Борнмут и Вест Хем биле против.

Досегашните тестирања за коронавирус во Премиерлигата донесоа 13 позитивни случаи од вкупно 5,079 тестови извршени во изминатите три седмици, а постои иницијатива и очекување кај самите клубови актуелната сезона да биде финиширана до крајот на јули.