24фудбал

Модриќ: Роналдо плачеше поради Мурињо... за малку ќе се степаа во соблекувалната!

Лука Модриќ открива дека имало искри помеѓу Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо во соблекувалната на Реал Мадрид, малку фалело сонародниците да се степаат.

Шпанија

Во Италија беше објавена автобиогравска книга на Лука Модриќ, во неа Хрватот раскажува неколку интересни приказни. Една е поврзана со Жозе Мурињо и Кристијано Роналдо, малку фалело соработниците да се степаат во соблекувална.

„Бев изненаден од тоа колку беше бесен Жозе Мурињо. Водевме со 2-0 во натпревар од Купот на Шпанија, но Кристијано Роналдо не го покриваше нивниот бек. Жозе имаше што да му каже, можев да видам како се расправаа крај аут линијата“ - пишува Хрватот.

„Во соблекувалната, Кристијано беше очаен, со насолзени очи ми рече, „Го давам максимумот, но тој продолжува да ме критикува“. Малку подоцна влезе Мурињо и почна да вика по Роналдо, да му кажува кои му се обврските на теренот. Атмосферата се вжешти до тој степен што моравме да реагираме за да не дојде до тепачка помеѓу двајцата“.