24фудбал

Георгиев го потврди интересот за Вардар, изрази надеж дека планот ќе се реализира

Вардар е во исклучително тешка ситуација, нова, во налик на претходните слични, скопскиот клуб повторно е во потрага на ново сопствеништво, а се чини дека истото доаѓа на чело со поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев, кој не крие дека видел многу убави работи кои може да се завршат во Вардар по неговото „скенирање“ на клубот.

Македонија

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев кој запиша 50 настапи за нашиод источен сосед, но немаше некоја богата интернационална кариера, не крие дека постои можност македонскиот актуелен првак Вардар да добие ново сопствеништво.

Бугаринот е инаку претставник на конзорциум на компании од Источна Европа, од таму постои сериозен интерес за преземање на Вардар, откако скопскиот клуб западна во тешка финансиска криза по повлекувањето на Сергеј Самсоненко, меѓутоа самиот Георгиев наведува дека преговорите се уште се во рана фаза.

Многу од моите пријатели во Македонија ми зборуваа за традицијата на Вардар, овој клуб таму е како Левски и ЦСКА кај нас, има многу навивачи, а воедно е најпопуларниот клуб во таа земја. Откако се запознав со дел од навивачите, менаџментот на клубот, стадионот, увидов дека многу добри работи можат да се завршат тамувели Георгиев за бугарска „Нова“ со што и официјално потврди дека постои интерес за преземање на Вардар, меѓутоа не крие дека се уште треба да се работи за да се реализира сето тоа.

Како и да е, не би сакал да зборувам за нешто што се уште не се случило, се уште не е готово, не зборувам премногу на таа тема, запознаен сум со фактот што и тамошните медиуми веќе објавија дека јас заедно со моите партнери сакаме да му помогнеме на тој клуб, да се надеваме дека најавите ќе се остварат“ додаде тој во интервјуто.

Интересен е фактот што Георгиев уште во февруари годинава во интервју за рускиот медиум „Спортбокс“ ги откри плановите за ова лето.

Имам една цел која се надевам дека на лето ќе се оствари, сакам да купам клуб, не ме прашувајте од која држава, ќе дознаете секога сето тоа ќе се официјализира, рано е за откривање информации“ рече тогаш Георгиев кој воедно во тоа интервју призна дека работи за фудбалска агенција, една од неколкуте негови дејности.

Јас сум консултант и инвеститор таму, работиме претежно со странски фудбалери, добро е што во текот на мојата кариера бев во можност да направам добри конекции“ објасни Бугаринот.