24фудбал

Санчо куртули од карантин, ама новата фризура го чини ѓавол ипол

Германската фудбалска лига (ДФЛ) ги казни фудбалерите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и Мануел Аканџи за прекршување на правилата за хигена, двајцата ќе треба да платат по 10.000 евра.

Германија

Медиумите од Германија изминативе денови алармираа дека неколку ѕвезди на Борусија Дортмунд треба да бидат казнети откако добиле посета од познатиот бербер Вини Нана Каркари и биле потстрижени без да се почитуваат правилата за хигена, односно не биле користени маски и заштитна опрема.

Се говореше дека дури шестмина фудбалери можат да одат во карантин, но Германската фудбалска лига (ДФЛ) се реши за парични казни и тоа за двајца фудбалери.

Докази имало само дека Џејдон Санчо и Мануел Аканџи треба да бидат удредени по џеб. Според пишувањата на медиумите, двајцата ќе платат по 10.000 евра, па новата фризура ќе ги чини ѓавол ипол.

Џејдон Санчо, кој се поврзува со богат трансфер од преку 100 милиони евра, не се сложува со одлуката на ДФЛ и на Твитер напиша: „Глупости“.