24фудбал

Даниел Мојсов ја продолжува соработката со АЕК Ларнака, потпиша нов договор

АЕК Ларнака објави дека Даниел Мојсов и следната година ќе го носи жолтиот дрес, Македонецот останува на Кипар.

Македонија

„АЕК Ларнака со задоволство може да соопшти дека го обнови договорот со Даниел Мојсов на уште една година“, се вели во соопштението на клубот.

Мојсов досега има 89 настапи за АЕК Ларнака во првенството, 14 во купот, 1 во Супер Купот и 25 во Европа, има постигнато пет гола во сите натпреварувања.