24фудбал

Емре Џан погоди за победа на Дортмунд над Херта (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд со 1-0 ја победи незгодната Херта, херој на милионерите беше Емре Џан кој го постигна единствениот гол на мечот.

Германија

Херта во Дортмунд отпатува со одлична серија, немаа пораз со новиот тренер Бруно Лабадија, но денеска го забележаа првиот.

Борусија Дортмунд беше надмоќна, создаде неколку одлични прилики за гол, но искористи само една. Во 58. минута Емре Џан погоди за победа од 1-0.

Со оваа победа Дортмунд се зацврсти на втората позиција со четири бода над Лајпциг, Баерн е прв со плус седум од Борусија.