24фудбал

Кавани му кажал на Андер Ерера каде сака да игра, но...

Единсон Кавани силно се поврзува со трансфер во Интер, но според Андер Ерера тој преферира да игра во Шпанија.

Франција

Кавани ќе го напушти ПСЖ по крајот на сезоната, неговото име најсилно се поврзува со Интер, но во игра е и Атлетико Мадрид.

Андер Ерера вели дека желба на Кавани е да игра во Шпанија, но тој муабет е од пред да заминат од Париз, не ја исклучува можноста во меѓувреме да се променило мислењето на Урургваецот.

„Знам дека Кавани сака да игра во Шпанија бидејќи тоа јазикот и земјата кои ги сака. Баш ме интересира што ќе одлучи, но откако го напуштивме Париз не сум имал шанса да зборувам со него, па не знам каква е неговата сегашна ситуација“, вели Ерера.

33-годишниот Кавани никогаш досега не играл во Шпанија, додека во Италија настапуваше за екипите на Палермо и Наполи.