24фудбал

Аугсбург и Келн дадоа два гола во финишот и ги поделија бодовите (ВИДЕО)

Аугсбург и Келн одиграа 1-1, мечот долго време беше без голови, во последните минути најпрво гостите поведоа, па домаќините се спасија од пораз.

Германија

Аугсбург во 27. минута можеше да дојде до водство но Неидерлишер не реализираше пенал.

Модесте во 85. минута конечно го отвори резултатот и се чинеше дека Келн е на прагот да ја прекине серијата без победа, но тоа не се случи.

Макс три минути подоцна го изедначи резултатот за конечни 1-1.

Со ист резултат преходно заврши и мечот меѓу Унион Берлин и Келн, единствената победа денеска ја забележа Волфсбург кој го победи Вердер во Бремен.