24фудбал

Емре Џан му вели на Санчо дека треба да „порасне“, откако младиот фудбалер беше казнет поради новата фризура

Џејдон Санчо доби казна од 10.000 евра од Германската фудбалска федерација поради тоа што не ги почитувал мерките при шишање, неговиот соиграч Емре Џан има коментар за целата ситуација.

Германија

Германската фудбалска федерација ги казни играчите на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо и Мануел Аканџи со по 10.000 евра бидејќи биле потстрижувани без да ги почитуваат мерките поради коронавирусот, односно не се користеле маски и заштитна опрема.

Санчо е во центарот на вниманието поради интересот на големите клубови за него, се поврзува со Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а цената му е преку 100 милиони евра.

Неговиот соиграч, Емре Џан вели дека Санчо е добро момче, но треба да созрее во своето однесување.

„Тој едноставно треба да биде подисциплиниран во некои работи, но и тој самиот го знае тоа. Треба да биде попаметен и да порасне. Не може да си дозволува вакви грешки во иднина“, вели Емре Џан.

„Тој е одлично момче дури и надвор од теренот. Сигурно не го направил тоа намерно за да предизвика скандал. Можеби премногу им верува на другите луѓе за некои работи“.