24фудбал

Хофенхајм на сред борба за место во Европа го избрка тренерот и неговиот брат

Хофенхајм утрово соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Алфред Шројдер, клубот ќе го напушти и неговиот брат и асистент Дик Шројдер.

Германија

На четири кола до крајот на сезоната, Хофенхајм реши да се раздели со тренерот Алфред Шројдер кој имаше договор до јуни 2022 година.

Одлуката е изненадувачка ако во превид се земе фактот дека Хофенхајм по турбулентниот старт на сезоната сега се наоѓа на позицијата број 7 и во борба за место во Европа.

Од таборот на ТСГ брифираат дека причина за отказот се ненадминливи несогласувања за правецот во кој треба да се движи клубот и плановите за иднината.

„За жал не можевме да пронајдеме договор за начинот на кој ќе го водиме Хофенхајм во иднина. Жалам поради ваквиот развој на настаните, но често се случува да имате различни мислења. Од самиот почеток знаев дека ова ќе биде голем предизвик. Работата ме исполни со огромна радост, му благодарам на клубот што ми укажа прилика да работам во Бундеслигата“ – вели Алфред Шројдер.

Отказ доби и неговиот брат и асистент Дик Шројдер, а во следните натпревари на кормилото на Хофенхајм ќе седи тим од тренери.