24фудбал

Премиерлигата пред 40 милиони фанови потсети на мајсторијата на Христов (ВИДЕО)

Од најсилниот фудбалски шампионат на Островот потсетија на еден ретро гол, дело на нашиот поранешен репрезентативец и прв наш фудбалер кој заиграл во Премиерлигата, поточно во дресот на Барнсли.

Македонија

Ѓорѓи Христов несомнено е еден од најдобрите напаѓачи во фудбалска Македонија, тој за нашиот најсилен фудбалски состав на 48 натпревари постигна 16 погодоци, а воедно зад себе запиша и успешна интернационална кариера.

По трите сезони минати во дресот на Партизан, битолчанецот потпиша за Барнсли (1997-2000), каде на 45 натпревари постигна 8 погодоци, а еден од нив остави особено впечаток од истите, за што потсетија и од Премиерлигата на социјалните мрежи.

Денеска, Премиерлигата на својот фејсбук фан пејџ кој брои над 40 милиони фанови објави видео насловено: Гол на денот: Деликатниот волеј на Христов“, со што потсети на неговата мајсторија против Лидс во 1998. година.