24фудбал

Македонска колонија во АЕК Ларнака, Стефан Спировски е ново засилување за кипарскиот клуб

По Иван Тричковски и Даниел Мојсов, Стефан Спировски ќе биде третиот Македонец кој ќе биде во тимот на АЕК Ларнака за следната сезона, тој договори двегодишна соработка.

Македонија

АЕК Ларнака утринава потврди дека Стефан Спировски е нивното ново засилување.

„АЕК Ларнака може да потврди дека постигна договор со Стефан Спировски за наредните две години. Се очекува фудбалерот наскоро да пристигне на Кипар и откако ќе ги помине лекарските прегледи да го потпише договорот“, стои во соопштението на клубот.