24фудбал

Достаниќ и во следните две сезони ќе биде тренер на Работнички

Ратко Достаниќ и Работнички се договорија да ја продолжат соработката и за следните две сезони.

Македонија

По седнувањето на Достаниќ на клупата на Работнички, скопскиот тим ја крена формата, раководството задоволно од работата на стратегот му го продолжи договорот.

„Српскиот стратег Ратко Достаниќ и во наредните две сезони ќе биде тренер на Работнички. Раководството на клубот е задоволно од работата на Достаниќ откако беше ангажиран во вториот дел од веќе прекинатата сезона во македонскиот шампионат и постигнат е договор за продолжување на соработката за нови две сезони“, стои во соопштението на клубот.

„По предвремениот прекин на сезоната, Работнички веќе размислува за следните предизвици. Имавме разговор со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ и договоривме нова двегодишна соработка. Клубот има стратегија за форсирање на млади фудбалери, а тренерот има желба да се вклопи во една таква концепција и со врвна работа и максимален професионализам кои се карактеристики на Ратко Достаниќ да стигнеме и до позитивни резултати“, изјави првиот човек на клубот, Драган Поповски.

Фото: ФК Работнички