24фудбал

Првиот човек на Атлетико со луд предлог: Ако не се доиграат мечевите од ЛШ, ние треба да бидеме шампиони – го победивме Ливерпул!

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо смета дека неговиот тим треба да го добијат трофејот од Лигата на шампиони доколку нема простор за доигрување на натпреварите од најелитното европско натпреварување.

Лига на Шампиони

УЕФА им постави рок на првенствата ширум Европа да финишираат до почетокот на август, за потоа до крајот на септември да финишираат Лигата на шампиони и Лига Европа. Во последно време често се шпекулира дека ќе има промена на форматот, односно можноста за Ф4 или Ф8 турнир во еден град (Лисабон се посочува како дестинација за ЛШ, Франкфурт за ЛЕ).

Првиот човек на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо сега излезе со луд предлог и побара неговиот тим да го добие трофејот од Лигата на шампиони доколку нема простор за доигрување на натпреварите.

На што го темели ова барање? Неговата логига е едноставна: Атлетико го елиминирал актуелниот шампион Ливерпул, па затоа тие треба да бидат прогласни за нови шампиони.

„Има да се играат уште неколку натпревари од осминафинале, потоа четвртфинале, па полуфинале и финале. Преферирам мечевите да се играат како што се играа до сега, но се наоѓаме во несекојдневна ситуација, па ја разбирам желбата на УЕФА да ги централизира сите натпревари во еден град и да организира фајнл-фор турнир. Во моментов ништо не е официјално, има многу шпекулации“ – вели Енрике Серезо.

„Јас имам еден предлог, во случај Лигата на шампиони да не може да финишира поради коронавирусот, тогаш шампион треба да биде оној кој го елиминирал актуелниот шампион“.