24фудбал

Дресовите на Ајнтрахт Франкфурт за дуелот со Баерн Минхен се дизајнирани со посебна посвета (ФОТО)

Вечерва (20,45) Баерн Минхен е апсолутен фаворит во дуелот од полуфиналето во германскиот куп против Ајнтрахт Франкфурт, меѓутоа од гостинскиот табор дојдоа до убава идеја во однос на тоа со какви дресови да настапат.

Германија

Смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд предизвика бурни реакции во јавноста, а кон поддршката кон бунтот за тој немил настан се приклучија и фудбалските клубови ширум светот.

Сведоци бевме како повеќе клубови за време на своите тренинзи, нивните фудбалери клекнаа на колена во знак за поддршка за целокупната јавност за тој немил настан, а забележавме и за време на натпревари како одредени фудбалери јавно укажаа еден вид учество во поддршката на протестите во САД.

Ајнтрахт Франкфурт отиде чекор понапред во однос на останатите, па така овој клуб вечерва ќе настапи во специјално дизајнирани дресови токму во таа пригода, а на истите ќе биде испишана паролата „Black Lives Matter“ (животот на црнците е важен).