24фудбал

Борусија Дортмунд признава дека им е тешко да се справат со карактерот на Санчо

Санчо е еден од најголемите таленти во Европа во моментов, со неговите импресивни игри во дресот на Борусија Дортмунд го привлече вниманието на гигантите.

Германија

Бројни екипи го сакаат Санчо, тој силно се поврзува со Манчестер јунајтед, а се споменуваат и Реал Мадрид и Челси.

Тоа што го прави на теренот е фантастично, но Санчо е фудбалер со проблематичен карактер надвор од теренот, можеби тоа се должи на младоста.

20-годишниот фудбалер беше казнет со 10.000 евра откако во својот дом повика фризер и се сликаше како се шиша без почитување на мерки. Ваквата казна од Германската фудбалска федерација, Санчо ја нарече „апсолутна шега“. 

Неговиот соиграч Емре Џан му порача дека треба да порасне. А сега спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк признава дека им е тешко да го скротат карактерот на Санчо.

„Џејдон не е само исклучителен фудбалер кој е впечатлив на теренот, тој е впечатлив и со неговите активности надвор од него. Понекогаш тоа не е лесно за нас“, вели Михаел Цорк.