24фудбал

За навивачите на АЕК, Тони Савевски е подобар од Ривалдо, тој е најдобриот странец кој играл за нив (ФОТО)

Македонската фудбалска легенда, Тони Савевски е и голема легенда на АЕК од Атина, според навивачите тој е убедливо најдобриот странец на сите времиња во нивниот клуб.

Македонија

Битолчанецот кој е и легенда на Вардар, член на златната генерација од 1987 е избран за најдобар странец на сите времиња во АЕК од страна на навивачите на овој клуб.

Савевски освои 47% од гласовите, зад него е Ривало со само 16%, па следува Душан Бајевиќ со 13%.

По младинските денови поминати во Пелистер, Тони Савевски во 1980 година се пресели во Вардар, осум години подоцна премина во АЕК од Атина каде остана дури 13 години, до крајот на својата кариера. 

Тој беше и капитен на АЕК. Со грчкиот клуб четирипати беше шампион во лигата, трипати во купот нa Грција. Одигра 356 натпревари и постигна 51 гол. Беше стрелец и на голови во Лигата на шампионите на дуели со Милан, Ајакс, Глазгов Ренџерс...

За македонската репрезентација има одиграно девет натпревари, за Југославија два.

По завршувањето на кариерата беше директор во АЕК, па тренер, беше тренер и на Омонија и Аполон Лимасол. Сега работи во младинската школа на АЕК.