24фудбал

Катар „плива“ во пари, а на работници кои ги градат стадионите седум месеци не им дале плата!

Контроверзиите околу Светското фудбалско првенство 2022 кое ќе се одржи во Катар не престануваат, овој пат излезе информација дека работниците не земале плата околу седум месеци.

Останато

Катар лежи на пари, и дава вистинско богатство за одржување на Светското фудбалско првенство, но очигледно ветените обврски не си ги исполнува.

Низ англиските медиуми се појави информација дела дел од работниците, поточно мигрантите кои работат на изградба на стадионите во Катар, седум месеци не добиле плата.

Точно се знае кои работници се тие кои не добиле плата и на кои стадиони работат, но ниту катарската влада не преземала ништо за проблемот да биде надминат.

И се замерува и на ФИФА затоа што не го притиска организаторот да си ги подмири обврките ако се знае дека на Катарците не им се проблем парите.

Претходно се пишуваше дека со поткуп на гласови Катар ја доби организацијата на Светското првенство што е и логично со оглед на тоа дека во оваа земја е невозможно да се организира натпреварување на отворено летно време. Поради тоа Мундијалот ќе биде преместен во зимо, нешто што е преседан. Дополнително Катар не покажа инфраструктура туку само планови како ќе изгледаат стадионите кои ќе бидат изградени.

Несомнено е дека Катар ќе има прекрасни стадиони, но тоа не е фудбалска земја и е прескапа за фановите од другите држави па не се очекува да ја има магијата која ја креираат навивачите во земји како Англија, Италија, Германија, Бразил, Аргентина...