24фудбал

Често прави проблеми надвод од теренот... коронавирус криза... но Дортмунд за Санчо бара 130 милиони евра

Борусија Дортмунд е решена убаво да се офајди од продажбата на Џејдон Санчо, за неговите услуги бараат 130 милиони евра и покрај тоа што признаваат дека им е тешко да се справат со карактерот на Англичанецот.

Германија

Џејдон Санчо важи за еден од најперспективните млади играчи во Европа, подолго време е на радарот на гигантите и се говори дека Манчестер јунајтед најсериозно загризал.

Се шпекулира дека „ѓаволите“ во неколку наврати оствариле контакт со Англичанецот и ги испеглале сите детали, од должина на договорот, плата и бонуси па се до огромна откупна клаузула.

Но потешкиот дел од задачата е пронаоѓање на заеднички јазик со Борусија Дортмунд за висината на обесштетувањето.

Џејдон Санчо често прави проблеми надвор од теренот, од таборот на „милионерите“ признаваат дека им е тешко да се справат со карактерот на играчот, плус во моментов има коронавирус криза... Но и покрај тоа Борусија Дортмунд сака убаво да се офајди од продажбата на напаѓачот и постави цена до 115 милиони фунти (околу 130 милиони евра).

Раководството на Манчестер јунајтед пред неколку месеци било расположено да го урне трансфер рекордот на Велика Британија , но сега има голема доза на резервираност кај „ѓаволите“ бидејќи има многу прашалници за иднината, трансфер пазарот и цената на фудбалерите.