24фудбал

Навивачите на Порто најдоа начин како да навиваат за својот омилен клуб (ВИДЕО)

Порто ита кон титулата во Португалија, се чини дека Бенфика полека но сигурно го губи здивот во битката за одбрана на тронот откако две кола по ред киксираше.

Останато

Бенфика не знае за победа откако продолжија фудбалските возбудувања во Португалија, а две кола каде фаворитот се „сопна“ беа доволни за навивачите на таа екипа да го изнесат сиот гнев поради тие киксови што воедно му го отворија патот на Порто до титула во тоа првенство.

Ситуацијата во Португалија е мошне јасна, на четири кола до крајот Порто има два бода предност во однос на својот ривал, а воедно е на прагот да му ја „украде“ титулата во самата завршница од актуелната сезона.

Секако дека навивачите на Порто добро ја проценуваат целата оваа ситуација, па не пропуштаат да навиваат за својот омилен клуб овие кола дури и во период на светска пандемија предизвикана од коронавирусот.

Група верни навивачи на Порто синоќа се качија на висок објект за да навиваат од таму за својот омилен тим, приредија и пиро-шоу, а во однос на мечот, фаворитот дојде до минимална победа благодарение на голот на Корона уште во 6. минута од пресметката.