24фудбал

УЕФА сака и реваншите од осминафиналето да се играат во Лисабон, клубовите се бунат

„Билд“ информира дека УЕФА сака и реванш осминафиналните натпревари кои не се одиграа да се играат во Лисабон, но таа идеја не им се допаѓа на клубовите кои треба да бидат домаќини.

Лига на Шампиони

Дел од осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите се комплетираа, но дел не. Останаа неколку реванш мечеви кои треба да се играат.

Неофицијално УЕФА во Лисабон ќе организира фајнл-ејт турнир кој ќе биде завршница во Лигата на шампионите.

Пласман во четвртфиналето досега изборија ПСЖ, Аталанта, Атлетико Мадрид и Лајпциг. Остануваат уште четири реванш мечеви од осминафиналено.

УЕФА сака и тие натпревари да се играат во Лисабон, тоа се натпреварите Барселона - Наполи, Јувентус - Лион, Баерн Минхен - Челси и Манчестер Сити Реал Мадрид.

Екипите кои се домаќини сметаат дека ова би било неправедна одлука бидејќи тие за разлика од противникот не би играле на домашен терен иако натпреварите се играат без публика.