24фудбал

Секој сака во ваков карантин, Лавеци потрошил 1,5 милиони евра за два месеци на Карибите со својата нова девојка!

Езeкиел Лавеци карантинот го помина со својата нова девојка, бразилската манекенка Наталија Боржес, двајцата уживаа во луксузно летувалиште на Сент Бартс односно Свети Вартоломеј, медиумите шпекулираат дека Аргентинецот потрошил околу 1,5 милиони евра.

Останато

Изминативе месеци многу луѓе беа во карантин поради пандемијата на коронавирус. Најголемиот дел беа затворени во мали станови или апартмани, малку посреќните во куќи со големи дворови.

Но ништо не може да се спореди со карантинот на Езекиел Лавеци. Поранешниот фудбалер со својата нова девојка Наталија Боржес, два месеци уживаа на Карибите.

Аргентинецот и манекенката од Бразил престојуваа на островот Сент Бартс, односно Свети Вартоломеј, а според пишувањата на медиумите, потрошиле околу 1,5 милиони евра.

Една вечер во летувалиштето го чинела Езекиел Лавеци дури 25.000 евра, а играчот си пружал и други задоволства како скапи вина кои чинеле дури и до 4.000 евра.

Ваквиот луксуз сепак не бил доволен, Езекиел Лавеци пред неколку дена пристигна на француската ревиера за малку да се релаксира на Сент Тропе со своите поранешни соиграчи од ПСЖ.

До душа, Аргентинецот има пари за трошење откако им зема на Кинезите 100 милиони долари за четири години и стави крај на кариерата на 34 години.