24фудбал

Баерн ќе мора да почека уште некој ден, Халанд влезе и во 95. минута донсе победа за Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен овој викенд нема да се радува на нова титула, Борусија Дортмунд во последните секунди стигна до победа на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф, Ерлинг Халанд влезе од клупата и постигна гол во 95. минута.

Германија

„Баварците“ ќе мора да почекаат уште некој ден за да го подигнат шампионскиот трофеј, во најдобар случај, тоа треба да биде во вторник следната недела.

Попладнево Борусија Дортмунд со 0-1 триумфираше на гостувањето кај Фортуна Дизелдорф и го одложи славјето на Баерн Минхен.

Херој на гостите беше Ерлинг Халанд, кој влезе од клупата во второто полувреме и постигна гол во последните секунди од мечот, односно 95. минута.

Вердер Бремен освои три големи бода во биткат за опстанок откако со 1-5 триумфираше против последнопласираниот Падерборн.

Ајнтрахт Франкфурт со пресврт во вториот дел стигна до победа од 1-4 против Херта, а гостите ги однесоа трите бода и на мечот помеѓу Келн и Унион Берлин, мечот заврши 1-2. На последната пресметка од 15:30 часот, Волфзбург и Фрајбург одиграа 2-2.