24фудбал

Баерн нареди 10 победи во Бундеслигата за прв пат по две години, титулата е практично обезбедена (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја совлада Борусија Менхенгладбах со 2-1 и практично ја обезбеди новата титула од Бундеслигата која може да биде потврдена веќе во вторник.

Германија

Избраниците на Ханси Флик продолжуваат да „газат“, вечерва без првиот стрелец Левандовски и без првиот асистент Милер, славеа против Борусија Менхенгладбах со 2-1. Ова беше 10-та победа во низа во Бундеслигата, и прво вакво постигнување по сезоната 2017/2018.

Младиот Зиркзе го отвори резултатот во 26. минута, но на пауза се замина со 1-1 откако Павар си ја затресе сопствената мрежа.

Трите бода остана на Алианц откако Горецка погоди во завршните минути од мечот за 2-1.

Со овој триумф, Баерн практично ја обезбеди титулата, која може да биде потврдена во вторник со победа на гостувањето кај Вердер Бремен. „Бавараците“ можат да станат шампиони и со реми или пораз, доколку Борусија Дортмунд не го добие својот натпревар со Манц во среда.