24фудбал

Се чека само официјална потврда: Лигата на шампиони ќе финишира со Ф8 турнир во Лисабон, ова се датумите

УЕФА одлучила Лигата на шампиони да финишира со Ф8 турнир во Лисабон, одредени се и датумите за натпреварите, се чека само зелено светло од извршниот комитет.

Лига на Шампиони

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа како ќе финишира сезоната од најелитното европско натпреварување. Последните информации велат дека УЕФА одлучила Лигата на шампиони да се доигра со Ф8 турнир во Лисабон од 12 до 23. август.

Возбудувањата ќе почнат со четирите реванши од осминафиналето, кои на програмата ќе бидат на 7 и 8. август и ќе се играат на претходно предвидените стадиони.

Пресметките од четвртфиналето ќе се играат на 12, 13, 14 и 15. август, на 18 и 19. август на програмата ќе бидат дуелите од полуфиналето, а борбата за трофејот ќе се одржи на 23. август.

Што се однесува до Лига Европа, завршницата исто така ќе биде со Ф8 турнир кој ќе биде одржан во четири града во Германија: Дуизбург, Гелзенкирхен, Франкфурт и Келн во период од 10 до 21. август.

Сега се чека само официјална потврда, извршниот комитет на УЕФА во среда/четврток треба да го одобри новиот формат.