24фудбал

Осогово собира предлози за официјална маскота на тимот

Фудбалскиот клуб Осогово е решен во следната сезона да има и официјална маскота на тимот, за таа цел објавија повик за предлози, за најдобрите ќе доделат и награди.

Македонија

Осогово поради ситуацијата со коронавирусот остана во Втората лига. Раководството почна да ги крои плановите за новата сезона, паралелно додека го креира новиот тим, размислува и како да ја зголеми интеракцијата со публиката. Една од идеите е да создаде официјална маскота.

Можете и вие да му помогнете на Осогово со испраќање на предлози во порака на нивниот твитер профил или на мејл. Можно е и да добиете награда од кочанскиот клуб.